Заев се надева на решение за името до јуни (ВИДЕО)

„Се што беше постигнато досега го констатиравме и го потврдивме.За она што не е договорено, од опциите што ги утврдивме, утврдивме една опција која е прифатлива за двете страни“, изјави македонскиот премиер Зоран Заев на денешната прес конференцијата во Софија по претпладневната средба со грчкиот колега Алексис Ципрас.

Тој рече дека доколку потенцијалното решение на спорот за името што бил утврден денеска, биде прифатено и потврдено и дома во земјите, тогаш тоа би било и официјализирано.

Одговарајќи на прашање дали постои временска рамка до кога ќе биде постигнат договор и дали тоа ќе биде во јуни, премиерот рече дека „Се надевам.“

„Се надевам дека ќе имаме решение пред ЕУ самитот во јуни“, но тоа не зависи само од нас, како што рече туку и од институциите, претседателот на државата, опозицијата…

Оставете Коментар