Коментирајќи ги тектонските промени на светската геополитичка сцена од аспект на регионот на поранешна Југославија, хрватскиот портал „Директно“ во делот за Македонија ќе констатира дека „македонскиот премиер Зоран Заев се перцепира како американски човек“.

„Во јуни минатата година Црна Гора стана 29. членка на НАТО. По десетгодишна грчка блокада на повикот на Македонија за прием во НАТО дојде до придвижување во односите на Атина и на Скопје (македонскиот премиер Зоран Заев се перцепира како американски човек), па така постигнат е договор за промена на името на Македонија во ‘Северна Македонија’. За тој договор кон крајот на септември треба да се одржи референдум на кој македонските граѓани ќе решат дали сакаат влез во ЕУ и во НАТО и промена на името на државата.

Македонија за САД е важна од најмалку две причини: со контрола на Македонија се создава можност за пресекување на евентуалниот северен крак на Турски тек, со што се спречува доаѓање на руските енергенти од југоисток, а се пресекува и патот од Пиреја преку Солун и Моравско-вардарската долина до Панонска низина, кој е важен за кинескиот геополитички проект ‘Појас и пат’, колоквијално нарекуван ‘Патот на свилата’“, се вели под меѓунасловот „Наскоро и Македонија во НАТО?“ од анализата на Давор Дијановиќ.

 

SHARE

Comments are closed.