Заев: Сеуште нема договор, јас сум оптимист

Loading...

Македонскиот премиер денес беше помалку колеблив, во изјавата дека се уште нема договор за името, но дека се надева преговорите да завршат денеска за време на телефонскиот разговор со Алексис Ципрас, закажан за попладне оценуваат грчки весници.

Двете страни треба прво ќе треба да го известат Метју Нимиц кој е во Њујорк и поради временската разлика, телефонскиот разговор наместо претпладне, се очекува да се случи после пладне.

„Денес ќе разговараме за суштинските прашања што остануваат за конечно решение за името. Доколку постигнеме договор, тогаш двете страни ќе ги информираат граѓаните. Во случај да постигнеме договор, ние веднаш ќе ја отвориме официјалната агенда, ќе ја информираме јавноста и и ќе се одржат состаноци со политички и политички партии“.

Заев, како што пренесува грчкиот сервис на Си-ен-ен  исто така, испрати  „порака“ до претседателот на државата, но исто така и до опозицијата за референдумот за името.

„Ги повикуваме политичките партии и претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, да бидат внимателни во врска со изјавите што ги објавуваат и да им помогнат на граѓаните да се изјаснат на референдумот“.