Албанската заедница да биде впишана како државотворен народ и албанскиот јазик да биде службен заедно со македонскиот, се две барања на кои ќе инсистира Алијансата на Албанците во процесот за најавените уставни измени.

Генералниот секретар на партијата и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари вели дека ако не се исполнат тие барања, органите на партијата ќе одлучуваат дали ќе го поддржат „преспанскиот процес“.

„Партијата има органи тие ќе одлучат дали и како ќе гласаме ако нашите барања не се усвојат“ вели Таравари.

„Господинот Заев го вети уште во 2016 година, во делот за јазикот поконкретно“, изјави Таравари за ТВ Алфа.

SHARE

Оставете Коментар