„Ќе има референдум, граѓаните го имаат последниот збор. Вистински патриоти се оние кои ја носат Македонија напред. Со решавање на спорот, влегуваме во НАТО. Регионот не смее да си дозволи чекор назад. Македонија е на вистински пат, темелните реформи се признаени од сите земји од ЕУ, изјави денеска премиерот Зоран Заев на прес конференција од пред владата на Македионија.

Тој одби да каже дали е договорено „Северна Македонија“ како што се шпекулира и рече дека се уште нема ништо договорено.

Тој рече дека ќе следува разговор со Ципрас, а доколку има нешто тоа  ќе го сподели со граѓаните.

Тој потенцираше дека двете земјуи никогаш не биле поблиску до решение и немало поголемо пријателство меѓу земјите.

Тој рече дека е нужно договорот со Грција да биде прво ратификуван во Собрание и пред референдумот, за да може Атина да го извести НАТО за договорот по што ќе следи покана.

 

SHARE