Заев за уставните измени: Не ми е лесно и на мене, не добивам ништо

Премиерот Зоран Заев на денешната втора дискусија за нацрт-амандманите на Уставот се пожали дека не му било лесно ни нему, не добивал ништо од тоа, но тоа била единствената шанса, „иако можеби не најблескава“, за евроантлантска интеграција.

„На 20 октомври утрото бев среќен и бев радосен. Не ми е лесно и на мене. Не добивам ништо, а сè што имам ми е овде во Македонија. Сè што имам ми е во Македонија“, рече тој, осврнувајќи се на изгласувањето на отворањето на Уставот ден претходно со помош на осумте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Заев потоа објасни и дека можел и тој како и неговите претходници да владее без да го чепка овој проблем, но решил поинаку „заради моите, вашите, нашите деца, за да останат тука“, оти ако се продолжело вака, Македонија ќе станела земја на пензионери, а потоа и без народ.

Според него, критиките од двете најголеми опозициски партии во Македонија и во Грција покажуваат дека „имаме фер и праведно решение, затоа што сите знаеме дека во Грција има повеќе од 50 проценти од тој историски регион Македонија, има во Бугарија еден дел од Македонија, Мала Преспа исто така во Албанија“.

 

SHARE

Оставете Коментар