Загадувањето е досадна тема за Шилегов, блиску е до ниво 9

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов покажа целосно непочитување на Собранието за клучната тема аерозагадување од која годишна умираат стотици лица.

За време на комисиска расправа во Собрание иницирана од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалникот Шилегов си играше игри на мобилниот телефон.

Скандалозното однесување на Шилегов се случува додека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев зборува на говорницата.

Во тие моменти јасно се гледа дека Шилегов воопшто не го слуша Ѓорчев туку се обидува да стигне на повисоко ниво во играта која ја игра на службениот телефон.

Срамното однесување на Шилегов од видеото кое ги преплави социјалните мрежи.

SHARE

Оставете Коментар