Македонија е прогласена за земја со најзагаден воздух и е во врвот по бројот на смртни случаи по глава на жител, покрај Косово, Србија, Унгарија и Бугарија. А повеќе од 3.000 лица годишно умираат како резултат на загадениот воздух во Македонија, предупреди Европската агенција за животна средина (ЕЕА) во последниот европски извештај за квалитетот на воздухот.

Според Светската здравствена организација, смртноста од последици од загадениот воздух во Македонија е над 125 лица на 100.000 жители, повеќе од двојно повисока од европскиот просек, кој е 60 прерани смртни случаи годишно на 100.000 жители, пренесува порталот „Окно“.

Најмалку 800 смртни случаи годишно ќе се избегнат Доколку нивото на загадување на воздухот се доведе до максималните граници пропишани со директивите на ЕУ, годишно би се спасиле 800 животи.

SHARE

Оставете Коментар