Загина актерот Ванчо Петрушевски!?

На 67- годишна возраст денеска трагично го изгуби животот популарнот актер Ванчо Петрушевски.

Веста за неговата смрт на Фејсбук ја сподели директорот на Драмски театар, Сашо Тасевски.

Неофицијалните информации кои Телевизија 24 ги добила од МВР се дека актерот Ванчо Петрушевски починал од струен удар во неговата викендица во скопското село Орешани.

Екипа на полицијата моментно е упатена кон домот на Петрушевски од каде е добиена информацијата за починато лице. Од МВР дополнително ќе информираат дали се точни првичните трагични информации.

SHARE