Бугарското претседателство со Советот на ЕУ утре ќе предложи Македонија и Албанија да бидат поканети за преговори за пристап во Унијата, објави бугарската шефица на дипломатијата и вицепремиер Екатерина Захариева за бугарските новинари во Луксембург.

„Позицијата на Македонија е посилна од Албанија“, рече таа и појасни дека „четири од пет земји на ЕУ го поддржуваат ставот дека поканата ќе биде направена сега. Сè уште имаме задача да ги убедиме некои од земјите кои се скептични. Вечерва, амбасадорите на ЕУ ќе продолжат со разговорите“, додаде Захариева како што пренесе БТА.

Според неа, загриженоста изразена од некои земји на ЕУ ќе биде земена во предвид.

Треба да работиме многу со Франција. Никој не е против,  изјавила Захариева според која различните ставови се во врска со времето за преговарање и дека нема земја која вели дека е против европската перспектива на земјите од Западен Балкан.

„Прашањето е во оценката дали е сега моментот (за отвораше преговори – н.з.), но сега не значи утре – дури и Европскиот совет да донесе одлука, самите преговори ќе се случат најрано следната година.

Comments are closed.