Loading...

Портпаролката на Руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, која е во посета на Белград не одговори на прашањето за ставот на Русија околу разграничување на Србија и Косово.

Таа одговорила со контрапрашање.

„Извинете, можеби не е исправно да одговорам нсо прашање на прашањето, но дали вие нема да имате проблем со тоа? Ова не е прашање за Русија, туку за Србија, за вас, ако сте државјанин на Србија. Да повторам, нашата позиција не се смени со текот на годините, нашата позиција е практично заснована на меѓународното право и на резолуцијата 1244“, рече Захарова.

Таа, исто така, Захарова истакна дека Русија со почит ќе го прифати решението што ќе биде одлука на Србија.

Таа додаде дека конзистентноста е основна карактеристика на руската надворешна политика и дека тоа е добро позната во Белград, пранесе Б92.

Деновиве косовскиот претседател Хашим Тачи, во неколку наврати изјави дека бара „корекција“ на границата и дека не е за размена на територии меѓу Србија и Косово.

Вчера, српскиотпретседател Александар Вучиќ рече дека поддржува разграничување со Косово, став што денес го поддржа и српскиот МНР, Ивица Дачиќ.

Оставете Коментар