Од утрово сѐ до моментов во хотел „Арка“ трае вандалски напад од 20-ина хулигани организирани од сопственик на дивоградба која се гради во Старата скопска чаршија, Енвер Алии, вели Сашо Џиковски, сопственик на хотелот, пренесува А1.Он.

Полицијата интервенирала неколку пати, меѓутоа, од полициска станица Бит-пазар одбивале повеќе да реагираат со образложение дека не се во можност да им ја гарантираат безбедност и телефонски им порачале да си ангажираат приватно обезбедување.

„Ова е резултат на неколку месечен напад со цел насилно затварање на хотелот и превземање на паркинг просторот, а истото е поттикнато од нашата етничка припадност, како последна македонска фамилија која оперира во Старата Скопска Чаршија и овој дел од градот. Објектите и опремата кои се уништуваат се сопственост на хотел Арка и за истите имаме соодветни одобренија и дозволи’ вели Џиковски.

Хотел Арка е еден од првите хотели со 5 ѕвезди во Скопје и годишно опслужува преку 7.000 гости.

„Приморани сме да го затвориме хотелот по 14 години напорна работа“, вели Џиковски, пренесува A1.On