Собранието вчера не ја изгласа за заменик-претседателка на Комисијата за Хартии од вредност Лиле Делиџакова која е сестра на Специјалната јавна обвинителка затоа што немаше доволен број пратеници за гласање.

Но пред наредното гласање Собранието ќе треба да ги разгледа обвинувањата од опозицијата која што вчера освен што тврдеше дека Делиџакова не е стручна и компетентна во областа, обвини дека таа има проблем со документите кои што таа ги доставила при апликација за работа.

Според дел од пратениците Делиџакова воопшто не аплицирала на отворен јавен конкурс кој завршил на 16 февруари 2018 година.

Посебен проблем е тоа што нотарската заверка на бараните документи е направена два месеца по истекот на рокот, рече пратеничката Стаменкова.

На обвинувањата на нејзиниот сопартиец Димитар Стевананџија дека е сомнително што за ваква позиција во регулаторно тело, каде мандатот е минимум пет години и плата од најмалку 1.500 евра, а во февруари се пријавиле само седум кандидати, владата одговорила дека Делиџакова е дипломиран економист со 20-годишно искуство во работењето на финансиите, банкарството и општо економско менаџерство.

Според пратеникот Стеванаџија ваквиот краток одговор од Владата е затоа што податоците доставени за Делиџакова не се точни.

„Некои од вас и тоа не го знаеле. Денеска во 13.35 часот на вашиот мејл ги видовте заматените, замаглените биографии, рече Стеванаџија алудирајќи дека во документите доставени од Делиџакова се вршени промени од кои не може да се видат точно сите датуми и податоци.

Кога повторно ќе се гласа за Делиџакова која е сестра на Катица Јанева засега нема информација.

SHARE