РИП: Замина „светецот“ на светските гурмани

Познатиот кулинар и телевизиски водител Ентони Брдејн е пронајден вчера мртов во хотелска соба во Франција.

Познатиот Американски “шеф” кој стана познат по своето кулинарско шоу “Без резервација” почина на 61 година за време на снимање на нова епизода на шоу на Си Ен Ен.

Брдејн во последниве 15 години е главна светска телевизиска ѕвезда во кулинарството и туризмот.

Неговите емисии снимени на стотици светски дестинации во кои јадеше мов или пржени скакулци, ги виделе милиони луѓе.

За жал иако во неколку наврати соработувал со светски познатиот гостиварчанец Рене Реџепи никогаш не ја посети Македонија за да ја презентира македонската храна и култура.