Во Бугарија се регистрирани 4 случаи на треска за само една недел, а вчера е забележан и првиот смртен случај.
Според статистичките податоци, на 10 заразени лица, кај 8 не се развиваат компликации и целосно се опоравуваат, вели директорот на Националниот центар за инфективни и паразитски болести пр. Тодор Кантарџиев, пренесуваат бугарски медиуми.
„Болеста го напаѓа централниот нервен систем. Човек губи свест или се дезеориентира. Лекувањето на инфекцијата е само симптоматско. Третман против самиот вирус нема“, вели Кантарџиев.
Вчера бил регистриран и првиот смртен случај, а жртва е 84 годишен маж, кој бил лекуван една недела. Човекот не патувал во ризични држави, поитврдуваат здравствени инспектори.
Од западнонилска треска се регистрирани 27 смртни случаи во Грција, 4 во Србија, 1 во Романија…
Во Македонија нема западнонилска треска, во соседството – смртни случаи