Дебатата на емисијата 360 на Алсат М во која учествуваа вицепремиерката Шеќеринска, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски а која требаше да ја води Васко Попетревски заврши неславно.

Откако во неколку наврати не успеа да ја исконтролира Шеќеринска Попетревски кој важи за еден од најдобрите македонски телевизиски новинари се откажа од својата улога на водител и дозволи двајцата гости практично сами да ја водат дебатата.

Атмосферата ја загреа Шеќеринска која невообичаено за неа беше вознемирена, се уфрлаше во збор, му поставуваше прашања на Николовски а не му даваше збор да ги одговори а притоа избегнуваше да зборува за Преспанскиот договор.

Во обид да ја избегне темата на емисијата Договорот од Преспа и референдумот вицепремиерката постојано се навраќаше на 11 годишното владеење на сегашната опозиција, на Никола Груевски и Сашо Мијалков, на амнестијата и бомбите.

Николовски кој само на моменти не можеше да се воздржи својата соговорничка ја персираше а таа му се обраќаше на ,,ти”.

Во еден момент Шеќеринска се обиде да каже дека Николовски лично и рекол дека треба да се гони Мицкоски но по реакцијата вицепремиерката се повлече откако најверојатно сфати дека нејзината изјава може да заврши со тужба за лага и клевета.

Во жестоката препирка Николовски меѓу другото изјави дека тој никогаш нема да биде во група со луѓе како Шеќеринска, Заев, Црвенковски и Георгиевски кои сториле национално предавство и капитулација.

Ако имате време и нерви видеото кое одлично ја одразува македонската политичка реалност трае 1 час и 15 минути.

7 Коментари

  1. ВМРО мора да ја прифати теза дека со преговорите за ИМЕТО, без разлика на форматот и содржината НЕ МОЖЕ да се постигне никаков валиден Договор за ИМЕТО со друга држава!
    Аргументите на ВМРО дека :
    1. НИЕ од ВМРО би постигле ПОДОБАР Договор!, или пример
    2.НИЕ од ВМРО не би допуштиле erga omnes или идентитетските промени!,
    НЕ СЕ СЕРИОЗНИ АРГУМЕНТИ!
    НЕ се воопшто АРУМЕНТИ!
    ПРЕКУ МЕТОД на ПРЕГОВОРИ или “РАЗГОВОРИ” само се понижуваме и покажуваме дека НЕ ЗНАЕМЕ за факт дека во ООН сме примени под дополнителните НЕЛЕГАЛНИ приемни Услови односно дека ние НЕ ЗНАЕМЕ оти проблематизирање на сопственото ИМЕ како државно-правен идентитет е НЕЛЕГАЛНО! НЕ е НИТУ МОРАЛНО! За овие категории не се разговара или преговара!
    “РАЗГОВОРИ” за државно-правен идентитет се по дефиниција ПРЕГОВОРИ за НАЦИОНАЛНИОТ ИДЕНТИТЕТ и никогаш таквите НЕ ДОНЕСУВААТ РЕШЕНИЕ КОЕ Е ДОСТОИНСТВЕНО!
    Имено, во еден таков „спор” или тн. „разлика” се ПРОБЛЕМАТИЗИРА како правило НАЦИОНАЛНИОТ ИДЕНТИТЕТ, а овој е кај суверените држави ius cogens ЗАШТИТЕН!
    Киро Глигоров во 1994 не беше свесен дека со рез. 817. на СБ на ООН започнува ИДЕНТИТЕТСКИ ГЕНОЦИД! Проблемот е во рез. 817 , 845 на СБ, и 47-225 на -ГС на ООН, те. УЛТРА ВИРЕС акти.
    ВМРО треба да знае дека ПРЕГОВОРИ за НАЦИОНАЛНИОТ ИДЕНТИТЕТ немаат решение.
    ПРЕГОВОРИ за државно-правен идентитет, по дефиниција ИМЕТО исто така немаат решение.Затоа, НЕ СЕ СЕРИОЗНИ АРГУМЕНТИ од типот НИЕ од ВМРО би постигле ПОДОБАР Договор, бидејќи со оној кои не ти го признава НАЦИОНАЛНИОТ ИДЕНТИТЕТ или ДРЖАВНО/ПРАВНИОТ ИДЕНТИТЕТ не се прави, НИТУ МОЖЕ ДА СЕ НАПРАВИ ДОГОВОР ИЛИ СПОГОДБА ЗА ИДЕНТИТЕТ!
    Ова е JUS COGENS!

  2. Ova so SDSM e seriozna rabota! Nie od patriotskite sili i VMRO mora do kraj da se mobilizirame i kako nikogash dosega organizirano da deluvame. SEGA SE ODLUCHUVA ZA MAKEDONIJA!
    I edno prashanje! Ne mi e jasno zoshto pr. MPC molchi! Pa neli i crkvata ke mora da si go smeni imeto? Ili ??

Оставете Коментар