Започна трговска војна против поддржувачите на Северна Македонија

Движењето #бојкотирам на социјалните мрежи повика на бојкот и започна трговска војна против сите сопственици на трговски марки кои што на било кој начин се инволвирани со поддршка на процесот на менување на уставот и името.

Прв на списокот на #бојкотирам се најде доскорешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Митко Јанчев односно негова фирма со сите свои производи кои од вчера се најдоа на листата #БојкотирамПроизводи која циркулира на Твитер и Фејсбук.

На листата за бојкот на кој повикува #Бојкотирам е и фирма за производство на ајвар и зимница која е во сопственост на член на пошироката фамилија Заеви.

Денеска на листата за бојкот се најде и фирма за дистрибуција на широка лепеза производи која е донатор на ДУИ што според #бојкотирам значи дека ја поддржува промената на името и уставот и затоа треба да биде казнета од граѓаните .

SHARE

1 Коментар

Оставете Коментар