Како што беше најавено, втората средба на заедничката  експертска Комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугариј ќе се одржи денеска и утре во Скопје.

Согласно договорената методологија и принципи на работа, членовите на Комисијата ќе разменат мислења поврзани со наставните содржини во образовните процеси во двете земји, како и можностите за заедничко одбележување на одредени историски настани и личности.

Комисијата за „пеглање“ на разликите од историјата (за која бугарската страна инсистира дека е „бугарска“), е  формирана согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија

Првата средба на комисијата се одржа на 2 и 3 јули во Софија.

Димитров: Треба да утврдиме заедничка историја на Бугарија и Македонија

3 Коментари

  1. СДСМ има 3 вини кои ВМРО може да ги искористи:
    1. Бугарската спогодба, со ваквите комисии за цензурирање и прекројување историја!!,
    2. Законот за јазици, со кои се разбива унитарниот карактер на Р. Македонија!!, и
    3. Срамната преспанската спогодба и велепредавството во обид за промена на ИМЕТО!!!

    • Види вака немав намера да коментирам за интерсните групи кои се пртставуваат како политички партии, ама глеам ти инсистираш на тоа. Не мислиш ли дека е време дијалогот да се издигне на повисоко рамниште, сепак сме во втората деценија од 21 век?
      СДССМ денес слободно може да се нарече СС-јуришници на четвртиот рајх, а како партија престана да постои уште во времето на атентатот врз Киро Глигоров, во кој пасивно-активно учествуваа токму неговите. Веднаш по атентатот партијата престана да функционира како политички субјект (кој има програма во однос кон политички, економски, социјални, национални или традиционални вредности и права..) и се претвори во филијала на една од 5-те корпорации кои ја презедоа улогата за глобализација и доминација во светските токови. Во тој поглед ништо подобра не е ниту ВСМРО-ДПСМНЕ тие во од се престроија и се претворија “втора страна“ од иста паричка, па така можеше да се игра играта “добар и лош полицаец“!
      Во денешно време се промовираа други форми во општествените концепции, и за сега се инсистира на имплементација на механизми на непосредна демократија кои би послужиле за премостување на конфликтите, се разбира додека не се достигне критична маса која би повела кон нови концепцијски решенија а кои се подготвуваат веќе со децении.

      Но како и да е, прашањето кое е актуелно за нас е дали и во што би се разликувала политиката на ВСМРО-ДПСМНЕ во однос на политиката на СДССМ, кога и едните и другите велаат дека имаат единствен пат по кој одат, а тоа е НАТО и ЕЗ, а сите ние знаеме дека тој пат претпоставува бришење на македонската држава Македонија и создавање на една креатура … уште поважен е мотивот зошто се прави тоа, а тоа е КОСМОПОЛИТИЗМОТ кој е својствен на Македонската цивилизација и кој им смета во нивните намери. Идејата е многу поопасна од било што, кога еднаш таа ќе се засади (всади) кога и да е таа ќе излезе на површина, може со генерации да тлее се додека не се создадат поволни услови за…..

Оставете Коментар