Заслужуваме подобро – колумна на Сашо Манев

Ние ја имаме таа судбина да секоја генерација Македонци и Македонки се соочува со своја борба поврзана околу нашето битие, идентитет и државност. Ова е нашата вековна идентитеска борба која се манифестира во разни форми, преку вооружена борба, градење на институции, дипломатски или пак на референдум.

Илинденците како и Асномците се бореа херојски, храбро гинејќи за идеалите на Македонската државност и идентитет се до нејзино оформување во 1944 со АСНОМ-ското собрание.

Но имање на своја држава не значеше и прекин на борбата. Во Федерална Република Македонија борбата, иако тивка сепак траеше. На што Блаже Конески ќе каже, ‘Големо ни е Името, ќе сакаат да ни го земат’.

Со осамостојувањето на Република Македонија во 1992 и оспорувањето од страна на Грција, нашата идентитетска борба се распламти и продолжи но овој пат, на дипломатско поле.

Но сега, 26 години од остварување на историскиот сон на нашите предци и на сите нас да имаме своја Македонска држава, се најде предавник, еден од нас, да посегне по она што е дел од нас, во себе што го носиме, и за она што генерации пред нас гинеа и макотрпно се бореа, нашето име.

Името Република Македонија е дел од нашиот идентитет и со менувањето на името на Република Македонија ќе се смени дел од нас и тоа ние треба да го спречиме.

Ова е нашата генерациска борба во која ние ќе победиме и ќе ги задолжиме нашите потомци да го прават истото, да се борат се додека имаме потполна победа а тоа е признавање на нашата држава под уставното име и нашиот идентитет и националност како македонски без придавки, коси цртички или додавки.

Затоа ние повикуваме на бојкот на Референдумот на 30ти Септември 2018 затоа што е најефективен чекор кон поништување на срамниот договор. Успешен бојкот и немање цензус го гарантира политичкиот пораз на оваа срамна влада предводена од Заев но исто така ќе ги присили нашите идни лидери да бараат можни алтернативни решенија кои ќе придонесат до економски, политички и меѓуетнички просперитет во Република Македонија.

Заслужуваме Република Македонија

2 Коментари

  1. Да, Името Република Македонија е дел од нашиот идентитет и со менувањето на името на Република Македонија ќе се смени дел од нас и тоа ние треба да го спречиме. Така е!

    • Vo megunarodnoto pravo:

      IMETO E PRAVNIOT IDENTITET VO MEGUNARODNOTO PRAVNA KOMUNIKACIJA ODNOSNO VRSHNJE PRAVNI RABOTI!

      IMETO E PRAVNIOT IDENTITET VO MEGUNARODNITE ODNOSI.

      VO PRAVO: IMETO E PRAVNIOT IDENTITET KAKO ELEMENT OD PRAVNIOT SUVJEKTIVITET!!!
      OTAAMU IMETO E DRZHAVNO-PRAVNIOT IDENTITET!

      Obrazlozhenie: PRAVNIOT SUBJEKTIVITET, svojstvo na eden subjekt da bide PRAVNO LICE (so svoite prava i obvrski), poprecizno DRŽAVNO-PRAVNIOT SUBJEKTIVITET E ELEMENT OD DRŽAVNOSTA!
      Bez DRŽAVNO-PRAVNIOT SUBJEKTIVITET nema DRŽAVNOSTA odnosno DRŽAVA !
      Ako DRŽAVA ne e megunarodno pravno lice, toa e isto kako pr. da nema TERITORIJATA ili pr. NASELENIETO odnosno podanici-gragni te. nitu eden čovek! Sovremenata država mora da bide megunarodno pravno lice. Megunarodno pravno lice mora da ima DRZHAVNO-PRAVNIOT IDENTITET!
      (DRZHAVNO-PRAVNIOT IDENTITET=IMETO).

      Pokraj toa treba da se kaže i deka sovremena DRŽAVA poseduva VNATREŠEN PRAVNIOT SUVJEKTIVITET, odnosno SEKOJ GRAGANIN ili lice MOŽE DA TUŽI DRŽAVA (pred domašnite sudovi).

Оставете Коментар