Затегнато во Северно Косово, Србија бара помош од Кина!

Претседателот Александар Вучиќ и премиерката на Србија, Ана Брнабиќ побараа од амбасадорот на Кина во Белград да му пренесе на кинеското раководство дека Србија никогаш не била во потешка ситуација.
Кинескиот амбасадор Ли Мунчанг одговори дека ќе го извести претседателот на Кина за ова во текот на денот.
Претседателот Вучиќ и премиерот го информирале кинескиот амбасадор за најновите случувања, по падот ова утро на припадници на специјалната косовска полиција ROSU  во Северна Митровица.
Специјалниот обвинител на Косово нареди четири притворени Срби да бидат доведени во Основниот суд во Приштина.
Србија никогаш не била во потешка состојба, и покрај постојаните повици за мир и стабилност, порачале Вучиќ и Брнабиќ преку кинескиот амбасадор.

„Упадот на единицата  на ROSU во Северна Митровица покажа дека КФОР и НАТО намерно ја доведувале јавноста во заблуда и денес е јасно по чија наредба и со кој восмрега лажеле претставниците на НАТО“.

Премиерката Брнабиќ потсети дека воведување даноци за српските производи, за кои се очекува одговор од Европската Унија, е прекршување на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, како и на договорот ЦЕФТА, но и од ОН каде што се очекува поддршка од Кина.

Амбасадор Ли рече дека Кина совршено го разбира она што се случува во Косово и дека тоа е веќе познато сценарио на нападот на интегритет на Србија.

SHARE

4 Коментари

  1. Покрај Русија и ние би требало да работиме со Кина да се признае нашето уставно име во Генералното собрание на ООН. Унгарија и Турција треба да помогнат.

    • Можам да разберам дека ни треба ЕУ од економски причини, но не разбирам зошто ни треба НАТО!
      Со кој ке војуваме? Со Русија? Со Србија? За шиптарите сигурно : ДА, нив им треба НАТО за да се спротивставаат на Србија и да направат Голема Албанија, да се заштитат шиптарите од ВМРО и патриотите, да за век и на век останат предавниците од СДС на власт, конечно да се уништи и ВМРО И Македонија!! Но ова не е интересот на Македонците!!!

      Целата прикаска за НАТО е само измама и само е во полза на Албанците!

      НАТО не е интерес на Македонија.

      НАТО е пропаст за Македонија!

      • Сум за ЕУ, но само под уставното име, и никако поинаку, но сум против зачленувањето во НАТО, дури и утре да не примат под уставното име.
        Ни под еден услов и каква било корист, НЕ ВО НАТО!
        НАТО Е НЕПРИЈАТЕЛ НА МАКЕДОНИЈА!

Оставете Коментар