Затвореници дилале дрога во Струга!?

По денешните целодневни претреси во селата Ливада, Велешта, Радолишта и во затворот во Струга биле приведени шест лица.

Шестемина како и еден во бегство со иницијали А.Р, се осомничени за производство и продажба на дрога во Струга и во струшкиот затвор.

Уапсените се осуденици кои  веќе се на издржување казна во Казнено поправниот дом во Струга кој е од отворен вид, пренесува 24вести, повикувајќи се на информации од МВР.

Има сознанија дека на осомничените им помагале лица од полицијата.

„Истрагата  утврди дека на криминалната група локални дилери добро познати во градот им помагал и висок службеник, инспектор од полициската станица во Струга против кого ќе бидат преземени соодветни мерки“ пренесува 24вести.

МВР не ги потврдува информиациите за приведувањето на директорот на затворот на Струга, за кој неофицијално се дознава дека е осомничен за можна злоупотреба на службената положба со поддржување нелегални активности, пренесе МКД.мк.