Заврши средбата Заев-Ципрас во Софија, исходот нејасен

Состанок на премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев, заврши, но исходот од средбата се уште е нејасен, пренесуваат грчки медиуми.

Што се разговарало и што е договорено се очекува да биде соопштено на одвоените прес конференции на премиерите Заев и Ципрас предвидени попладнево.

Веднаш по средбата пмакедонскиот премиер на Твитер објави дека „Македонија и Грција го зајакнуваат пријателството. Со премиерот Ципрас веруваме дека можеме да најдеме решение кое го штити достоинството на граѓаните во двете држави“.

Состанокот траел околу еден час, а грчкиот премиер ја повторил грчката позиција за употребата на името и за уставните промени.Атина во неколку наврати изјави дека вратите на НАТО и ЕУ за Македонија ќе бидат отворени доколку се прифати erga omnes име и ревизија на уставот, со што „јасно стави до знаење дека се обидува да направи голем чекор и дека работи во оваа насока“ пренесе грчкиот сервис на Си-Ен-Ен.

Средбата почна околу 10 часот, со претходно истакнатиот став на Ципрас дека има „големи очекувања“ од средбата, а премиерот Заев рече дека ова е „позитивен момент за да се потврди досегашниот напредок“.

Вчера, на Твитер, грчкиот премиер напиша дека „последните метруи се најтешки“ по средбата со социјалистичките лидери во Софија.

Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека земјата „нема алтернатива за членство во НАТО и во ЕУ. Ние сме посветени на оваа цел, ние сме охрабрени од стратегијата на ЕУ за проширување и политиката на отворени врати на НАТО“, што дава(ше) простор за оптимизам и голем напредок за време на состанокот на двајцата лидери.

Она што се очекуваше од средбата со Ципрас „рекапитулација“ и потврда за досегашниот тек на преговорите.

1 Коментар

Comments are closed.