Заврши телефонскиот разговор, Ципрас ќе го извести Павлопулос

Откако заврши телефонскиот разговор на Алексис Ципрас со Зоран Заев, што во принцип резултираше со договор за името, грчкиот премиер ќе го информира претседателот Прокоопис Павлопулос во 18 часот по грчко време за договореното, а потоа и политичките водачи.

Грчки медиуми информираат дека по овие разговори, се очекува премиерот Алексис Ципрас да објави и соопштение.

Отворена е и можноста за дебата за името во петок во парламентот но таа ќе биде информативна.

 

1 Коментар

Оставете Коментар