Заврши разговорот Заев – Ципрас

Loading...

Околу 15 часот денеска дошло до разговор меѓу премиерите Заев и Ципрас.

Разговорот траел околу 60 минути.

Според информациите на expres.mk повикот дошол од Скопје во него се направени детални разговори за неколку најважни теми но сеуште има неколну нејаснотии кои што се должат на различната интерпретација на договореното во Сунио, Њујорк и Брисел.

Сеуште нема информација дали оваа недела заев и Ципрас во Преспа ќе се сретнат за да го парафираат договорот кој во 95 насто е готов.

Се очекува наскоро двете влади по координација на своите тимови да објават детали за разговорот што се чекаше цела недела.

23 Коментари

  1. Македонскиот народ НИКОГАШ нема да прифати НОВ идентитет и новото ИМЕ!

  2. Изгледа сите знаеме што е ИМЕ. Кое е старото име на државата сите знаеме. И како може да се промени името и тоа сите знаеме. Но изгледа не знаат сите што е тоа идентитет. Затоа што идентитет НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРОМЕНИ. Барем се додека ние зборуваме различно од другите народи, се додека пишуваме различно од другите народи, се додека имаме различни обичаи од оние на другите народи. Нашиот идентитет е нашата разлика од другите народи. И се додека постои таа разлика ние ќе имаме СВОЈ ИДЕНТИТЕТ!

    • A go pisuva li toa vo dogovorot. Ili ke si znaeme samo nie i i sedejki na masa ke si kazuvame. I dali celoit ostanat svet se nenormalni sto si gi pazat site tie raboti kako ocite vo glavata.

    • Погледни какво видување на Таки Фити и Тони Дескоски заидентитетот: http://infomax.mk/wp/заев-врши-велепредавство-смената-на-у/
      Професорот на правниот факултет во Скопје Тони Дескоски смета дека не е можна промена на името без промена на идентитетот. Според Дескоски, основната идентитетска компонента е името. Тој вели дека него не можете да му го смените името во Горан од Тони и тој да остане со истиот идентитет. -Да јас и понатаму ќе бидам маж ќе имам 46 години ама ќе бидам некој друг, ќе бидам Горан, а не Тони. Од тука обидите или жонглирањата со некакво преименување на државата при што ќе се задржи терминот Македонија ама ќе му се даде некоја додавка се всушност тоа. Обид за преименување, а потоа се отвара целиот идентитетски пакет кој не води до суштината на проблемот дека Грција не може да ја прифати македонската нација како таква.

  3. Јас не знам што ќе пишува во договорот. Но знам дека никој не може нити да ни го земе, нити да ни го промени идентитетот. Нити еден збор нема да промениме во нашиот јазик, нити една буква нема да биде променета во нашето писмо. Нашите обичаи ќе останат исти. За жал и нашата култура (некултура). Нашата историја и онака никој не може да ни ја промени затоа што тоа е дел од минатото, а минатото никој не успеал да го промени нити некому да му го земе. А ПОСЕБНОСТА на јазикот, писмото, обичаите, културата, историјата се работи кои го одредуваат идентитетот на еден народ. Тие ќе останат исти, што значи и нашиот идентитет ќе остане ист.

    • Погледни какво видување на Таки Фити и Тони Дескоски заидентитетот: http://infomax.mk/wp/заев-врши-велепредавство-смената-на-у/
      Професорот на правниот факултет во Скопје Тони Дескоски смета дека не е можна промена на името без промена на идентитетот. Според Дескоски, основната идентитетска компонента е името. Тој вели дека него не можете да му го смените името во Горан од Тони и тој да остане со истиот идентитет. -Да јас и понатаму ќе бидам маж ќе имам 46 години ама ќе бидам некој друг, ќе бидам Горан, а не Тони. Од тука обидите или жонглирањата со некакво преименување на државата при што ќе се задржи терминот Македонија ама ќе му се даде некоја додавка се всушност тоа. Обид за преименување, а потоа се отвара целиот идентитетски пакет кој не води до суштината на проблемот дека Грција не може да ја прифати македонската нација како таква.
      Таки Фити: Дека менувањето на Уставот ќе значи обезличување на Македонците смета дури и првиот човек на МАНУ, Таки Фити. Тој неодамна јасно го изрази ставот на академијата да не се прифаќа во преговорите да се отвора прашањето за идентитетот, како ниту име за севкупна употреба, што според грчката страна сега значи дека евентуалното ново договорено име треба да биде и за внатрешна употреба. – Ерга омнес, односно име за севкупна употреба, никако не смее да се прифати, бидејќи тоа значи менување на Уставот. Тоа носи обезличување на Македонците. Иредентизмот не може да биде оправдување за менување на Уставот. Нашата влада ќе мора да се избори решението да не биде за севкупна употреба, ако сака тоа да биде достоинствено решение. Менување на Уставот и име за севкупна употреба ќе биде опасна ситуација – кажа претседателот на МАНУ, Таки Фити на едно медиумско гостување. Притоа додаде дека доколку се прифати име за севкупна употреба тогаш ниту МАНУ нема да се вика Македонска академија на науките и уметностите, туку ќе треба да се прекрсти во „Академија на науките и уметностите на Република Горна Македонија“, на пример. Од тоа произлегува дека освен МАНУ, ќе треба да бидат преименувани и други национални институции, како Народната банка на Република Македонија, АРМ, Друштвото на писатели на Македонија, Фудбалската федерација на Македонија… Тоа, според претседателот на МАНУ, е апсурдно!

    • Eden ti vikas deka ne gubime nisto se ke si znaeme ama vomsebe. Sto koga ke vidime deka sme se zaebale (a rabotata e da se zaebeme) a nazad nema? Najiskreno me interesira dali ke ti bide krivo?

  4. Едно е име, а сосема друго е идентитет. Како тоа ако Тони го смени името во Горан, ќе биде некој друг, ќе биде Горан, а не Тони??? А ако го смени името во Софија Лорен ќе биде Софија Лорен? Тони е име. Мажот од 46 години (како што самиот вели) НЕ Е Тони, туку НЕГОВОТО ИМЕ е Тони. И ако го смени името со име Горан, тој значи дека нема повеќе да се ВИКА Тони, туку Горан. Тој нема да се смени, туку само ќе го смени името. Дали Радован Караџиќ не беше повеќе „истиот маж“ кога го смени името во Драган Дабиќ? Дали Р. Караџиќ со промена на името го промени и идентитетот и стана некој друг? Како го идентификуваа ако станал некој друг? Идетнитетот на Тони не е неговото име, туку неговиот идентитет кој е збир од повеќе чинтели – неговото раѓање на ден тој и тој, месец и година таа и таа, во град/село то и то, од таа и таа мајка и тој и тој татко. Учел школа таму и таму, се бавел со тоа и тоа, работел тоа и тоа. Се оженил тогаш и тогаш, за таа и таа, и т.н. и т.н. Се` она што е карактеристично само за него и никој друг. А име Тони имаат многу голем број на жители. Тони во текот на животот може сто пати да го менува името, но тој секогаш ќе остане роден тогаш и тогаш, од мајка… и т.н. Ајде уште малку. Кој е претседател на САД? Името Доналд Трамп или човекот со име Доналд Трамп? Што ќе се случи ако човекот со име Доналд Трамп го смени името? Кој ќе биде претседател на САД? Сегашниот претседател или некој друг? Дали истиот човек ќе биде претседател или некој друг ќе биде претседател? Дали името на некоја смртна болест е тоа што убива? Дали ако и се смени името на таквата болест, таа ќе стане нешто друго, ќе престане да биде тоа што е и ќе престане да биде смртоносна? Ајде да земеме кредит од банка и утре да го смениме името. Ќе го смениме ли идентитетот? Ќе станеме ли некој друг и нема да можат да не идентификуваат па не ќе можат да си го вратат кредитот?

    • Јас се прашувам како таков злосторник нема кој да го затвори во затвор. Криминалецот Заев во секоја нормална земја би бил досега во затвор. Тој со своите криминалци е ЕЛЕМЕНТАРНА КАТАСТРОФА за Република Македонија! Ни има поговорка: “Како живееше, така ЗАВРШИЛ”!!

      • Повеќе од тоа, криминалецот Заев со својата банда денес изврши Државен Удар во Македонија! Во САД пр. тој би бил Ликвидиран! Веднаш!

  5. Зоран, јас не мислам дека ќе се заебеме ако го промениме името. Но сигурно не ми е лесно да прифатам да се промени името. Јас сум убеден дека нема нити еден НОРМАЛЕН Македонец кој сака да се промени името Република Македонија. Но ако е тоа услов да се реши спорот со Грција, ако тоа од нас го бара Советот за безбедност, ГС на ОН, НАТО, ЕУ, ако е тоа услов да се влезе во ЕУ ( НАТО не би сакал, но тие одат заедно), тогаш што може да се прави освен да се промени името? Ако го промениме името ќе го промениме само името. Нема ништо друго да промениме, како што пишував погоре.

    • Ne se soglasuvam. Ako vazi nekoe megunarodno pravo za cel svet zosto da ne vazi i za nas A i dvete organizacii kon koi se stremime se mokni da go implementiraat.

  6. Кое е тоа „меѓународно право“ кое важи за цел свет, а не за нас? Нема никакво „меѓународно право“ кое важи за другите, а не важи за нас. Право е на Советот за безбедност да се грижи за мирот и добрососедските односи во светот. Право е на Советот за безбедност да бара споровите кои го загрозуваат мирот и добрососедските односи да бидат решени мирољубиво, во преговори и со компромис. Советот за безбедност тоа и го бара од нас и од Грција – да ја решиме разликата околу името во преговори со компромис. Кое „меѓународно право„ е прекршено?

    • Ајде прочитај Промеморија на МАНУ, посебно дел за дополнителните услови, Петиција на 200 интелектуалци, па најновата иницијатива со жалби до ООН во Женева, итн….!
      И досаден си “еден” како пролив, оди земи си апчиња гомно едно, па на спиење! ,

    • Еден мајмун, кажи кој си, а ако треба ние да те бараме, ќе биде лошо за тебе! На крај некој ќе те поткаже и ќе те најдеме!

    • Koe megunarodno pravo!? Pa eve Dr.Igor Janev se utepa pisuvajki i jas mu veruvam. Ima i prepiski so Dr. Srgan Kerim kade sto g-din Kerim ne mu spori nisto. Tuka e i povelbata na OON koja ja imaat prifateno site zemji clenki a toa mu doaga kako ustav na OON.

  7. Грција преговара и се подготвува за гласање за името во ОН http://expres.mk/грција-преговара-и-се-подготвува-за-гл/ Според информациите на Алфа од дипломатски извори, грчкиот тим извршил симулација на гласањето во ГС на ОН а првичните резултати се дека Македонија може да добие поддршката за победата.

  8. Зоран, што му веруваш на Игор Јанев? Му веруваш дека во Резолуцијата 817 не пишува да се најде решение за разликата околу името со цел зачувување на мирните добрососедски односи во регионот? А зошто ти Зоран не ја прочиташ Резолуцијата па самиот да видиш што пишува? Му веруваш дека Советот за безбедност и Генералното собрание ја прекршиле Повелбата на ОН? Зар мислиш дека е можно Советот за безбедност и Генералното собрание на ОН, ЕДНОГЛАСНО да ја прекршат Повелбата и никој, ама баш никој, да не знае дека е прекршена Повелбата? Мислиш ли дека од Русија и Кина па до најмалата земја членка на Советот за безбедност и Генералното собрание на ОН нема никој да каже ако беше прекршена Повелбата? Зар му веруваш дека Генералното собрание на ОН ќе побара од Меѓународниот суд да утврди дека тоа самото и тоа ЕДНОГЛАСНО ја прекшило Повелбата? И уште многу погрешни заклучоци има кај Игор Јанев. Или подобро кажано, нема ништо точно во она што го кажува.

  9. Здраво,
    Ова е за да ја информира јавноста дека г-ѓа Морган Ерика, приватен кредитен заемодавач, има отворена финансиска можност за сите на кои им е потребна финансиска помош. Ние даваме заем со каматна стапка од 2% на поединци, фирми и компании под јасни и разбирливи услови и услови. контактирајте нè денес преку e-mail, за да можеме да ви ги дадеме условите за заем на: (morganerica007@gmail.com)

Comments are closed.