Збогум Ева – За кампања милиони евра за малата Крстаноска владата не даде пари

Почина Ева девојчето од Пештани за кого не се собраа пари за лекување.

Малата Ева Крстаноска од Охрид веќе една година се бореше со многу редок вид на леукемија. Во моментот состојбата и беше влошена поради што беше неопходно итно да замине на операција во Германија, пишува досие.мк.

Фондот за здравство покрива дел од износот, остатокот треба да го обезбеди семејството, за што се бараше и собраше помош.

“Можевме да ја спасиме ама не сакавме. Колку од Вас донираа?. За жал Ева почина. И кога се расфрлувате со нашите пари, некогаш помислите дека има деца на кои им се нужно потребни. Таа требаше да замине за Германија, ама немаше пари за нејзе”, напишаа на социјалните мрежи гневни мајки, кои на сличен начин ги изгубиле децата и родители пренесува порталот.

SHARE