Зеколи до Шеќеринска: Со ДУИ изнудувавте признанија и местевте случаи

Ексамбасадорот и политички аналитичар Арсим Зеколи ја потсетува министерката за одбрана дека додека нејзината партија СДСМ владеела заедно со ДУИ од 2002 до 2006 во земјава се случиле многу инциденти и неправди.

„Додека Шеќеринска ликува за Османи и правда, да ја потсетиме малку дека во нејзино владеење (со ДУИ) се случи Сопот, убиство на НАТО војници, местени апсења, тортура, изнудени признанија итн“, вели поранешниот амбасадор на Македонија во ОБСЕ, Арсим Зеколи преку својот Фејсбук профил.

„Ајде, златна, давај оставка заедно со Бујар“ – и порача Зеколи на вицепремиерката и министерка за одбрана.

Оставете Коментар