Зеколи: Политичките елити се договорени – предвремените само процедура

Гласањето на предвремените избори веќе се одвива, а фактичкиот процес на гласање ќе се одржи „процедурално“, пишува аналитичарот Арсим Зеколи во твит.

„Се ми се чини дека предвремените избори се веќе во тек, а гласањето ќе биде колку за почит кон процедурата и објавување на резултатите“, пишува Зеколи.

Аналитичарот, како резултат од тековното „гласање“, го позиционира Заев во резиденцијата на Водно (претседател на Р.М.), Мицкоски си ја презема владата, Ахмети би амбасадорувал во НАТО, а Шекеринска во Белград.

SHARE