Зеколи: Референдумот„ќе успее“ – јас ќе апстинирам

Немам сомнеж дека Референдумот „ќе успее“ и дека „ќе нѐ биде”. Начинот на кој ќе се постигне тој „успех“ и нашето „биднување“ е мојот финален аргумент зошто сум обврзан да апстинирам, вели поранешниот амбасадор и колумнист Арсим Зеколи во напис за порталот „Либертас“.

Пренесуваме дел колумната на амабасадорот за „Либертас“ во која ги објаснува своите ставови

„Зошто не сум „за“:

Првата причина е интуитивна реакција на отворената манипулација на протнување на Договорот „на мала врата“ преку експлоатација на поддршката на граѓаните за ЕУ и НАТО.

Втората причина е што и покрај сите уверувања дека доволно е да се прочита Договорот за да се потврди дека идентитетските прашања се неоспорени,остануваат редица недоречености засновани на претходните искуства. Сметам дека е доволно да потсетам дека и Рамковниот Договор беше релативно јасен во неговата пишана форма. За потоа и оние кои навреме го имаат прочитано и оние кои и ден денеска го немаат видено да се уверат во практичните и тегобни последици на пишаните гаранции и кариеристичките експлоатации на потписниците.

Затоа, со оглед на каскадните изјави давани од оваа влада (слично на претходната), треба да се укаже дека најслабата алка во Договорот не се недоречените параграфи и членови, туку лабилноста на ставовите на потписниците.

Надополнето со тоа и молкот на нашите институции кон дискутабилните изјави од соседството со кои се негираат ставовите на нашите водства и се фрла сенка врз Договорот, но уште повеќе и врз идните ефекти кои можат да произлезат во долгиот и магловит процес на интегрирање…“ пишува Зеколи во колумна за „Либертас“ во која објаснува и зошто не е против референдумот и зошто не е за бојкот.