Зеколи: За руското (не)влијание во Македонија

„Занесена во виорот на метли по црвени теписи, јавноста наша остана без објаснување за малата гужва пред сопствениот гол во изведба на државниот секретар Матис и премиерот Заев, а во врска со руското (не)влијание во земјата.

Според првиот, Русите се веќе пред шеснаестникот, додека според вториот тие не се ниту на трибините.

Малку чуден расчекор во ставови, дотолку повеќе што Матис секако знае што се случува ширум планетата, додека пак Заев би требало да знае што игра му се игра по дома“,  пишува Арсим Зеколи во својата колумна за Дојче веле во која го поставува прашањето што во бркотницата, како што вели, околу руските замешателства во Македонија е вистина, а што пропаганда.

Гледано од страна, вистината е некаде во средина оценува Зеколи: Дека руското влијание е евидентно (согласно Матис), но повеќе врз и околу Македонија отколку што во самата земја (според Заев).

„Според таквиот компромисен елаборат, Русија продолжува своето влијание да го наметнува преку сателитските инсталации ширум Западот и околу Македонија, додека пак во самата земја тоа влијание е редуцирано врз такви, нели, грамадни движења и хипер-популарни лидеришта како што е – Јанко Бачев“.

Во продолжение Зеколи вели дека според медиумите, во и низ Македонија циркулираат стотици и илјадници руско-украински агенти.

Според Атлантскиот Совет, руската пропагандна машинерија е диктирана од осум твитерџии.

Колумната на Арсим Зеколи за „Дојче веле“ тука.

SHARE

Comments are closed.