Зеколи: Заев е неспособен или инволвиран во случајот Груевски

Поранешниот дипломат на Македонија и политички аналитичар Арсим Зеколи вели дека изјавата со која премиерот Заев ги обвини Албанија, Црна Гора, Србија и Унгарија дека се вмешани во бегството на Груевски е пострашно од самото бегство.

Зеколи поставува дилема дали Заев е само неспособност или пак тој е директно инволвиран во заминувањето на Груевски.

Однесувањето на Заев во јавноста според него е хипердемагогија.

“Обвинението на ЗЗ кон соседите поради неговата неспособност (или инволвираност) е скандал кој го надминува самото бегство на НГ.

Дали ЗЗ очекувал да соседите уапсат личност за која ЗЗ немал храброст да издаде потерница или го држи под присмотра? Неверојатна хипер-демагогија”, е оценката на аналитичарот Зеколи.

Ги обвини ли Заев за Груевски Тирана, Подгорица, Белград и Будимпешта

SHARE

1 Коментар

Оставете Коментар