Зеколи: Заев е одговорен за поразот, но виновен е Бејли

Премиерот Заев е, без пардон, одговорен за поразот на референдумот заради безброј причини, но не е виновен. Виновен е Амбасадорот на САД во Скопје, Џес Бејли, пишува аналитичарот Арсим Зеколи во фејсбук пост насловен „За одговорноста и вината“.

Наведувајќи повеќе причини за одговорноста на Заев за поразот, Зеколи вината за поразот ја гледа во хиерархијска пирамида, која започнува од самиот врв на кој се наоѓа Амбасадорот Бејли.

„Виновен е бидејќи со наметнувањето нему прифатливи, а на јавноста неприфатливи кадри низ администрацијата, министерствата, нво-ата, медиумите, изгради систем на неодговорност пред Заев и јавноста и одговорност пред него и неговите пари. Виновен е бидејќи инсистирајќи на проверени (читај: омразени, презрени и арогантни) кадри целата референдумска кампања ја направи предвидлива, досадна, стерилна, монотона, апатична и комично суреална“, посочува Зеколи.

Според аналитичарот, Бејли е особено виновен бидејќи, „со комерцијализацијата на “реформите” ја утепа у поим тешко реанимираната јавност и граѓанска автономност која – бидете убедени! – ќе ја направеше разликата во недела“.
Линк до постот на Зеколи.

SHARE

Comments are closed.