Земја пријател од соседството ќе објави “Бомби” за Заев

Еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ Мане Јаковлески најави дека до крајот на годинава, една како што тој ја нарекува пријателска држава од соседството ќе објави нови т.н. бомби кои ќе се однесуваат на премиерот Зоран Заев.

Во ибтервју за емисијата Отворено на Алфа ТВ Јаковлевски вели дека во аудио материјалите има докази дека Заев земал пари за да го смени името.

„И Заев го снимале некои странски служби. Во тие разговори ќе чуеме од кого премиерот земал пари за да го потпише Договорот со Грција и што работеше за да дојде на власт иако ВМРО- ДПМНЕ победи на последните парламентарни избори“, вели Јаковлески додавајќи дека Заев на власт дошол со заплашување и притисок на албанскиот политички блок”, тврди Јаковлевски во емисијата Отворено со Љупчо Цветановски.

Линк до емисијата

SHARE

3 Коментари

  1. Спогодба со друга држава за својот национален идентитет е, по себе, бесмислица и претставува невозможна мисија. Договор-спогодба со другиот за националниот идентитет е идиотизам.

  2. Кога Мане коментираше за атентат на К.Г. и посочи на странска служба која организираше атентат и БНД му даде информацијата обвинувајќи Србија, но БНД тогаш не му даде и клучната информација дека токму К.Г. беше највисок агент на службата на државата која демек го организирала атентат.

Оставете Коментар