Земјоделците чекаат градобијни ракети

Македонските земјоделци веќе неколку години бараат да се вратат градобијните ракети за да се намалат штетите од град, а овие повици се засилуваат по секој удар на град кој остава пустош на земјоделските површини.

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски вели допрва ќе се мапираат точките каде најмногу градобиен систем.

„Министерството ја прави тендерската, правна постапка заедно со Генералниот секретаријат на Влада за да може еве во овој период низ постапката да искочи со клучниот модел и се надевам дека за следната година ќе бидеме во една понапредна фаза“, изјави Љупчо Николовски, министер за земјоделство, пренесе Алсат М.

Министерот тврди дека невремето кое што го зафати струмичкиот регион викендов направило штети, но не со алармантни последици. Голем дел од земјоделското производство било под фолии. Колкава е штета ќе утврдат комисиите.

Оставете Коментар