Зградата кај Мајчин дом ќе се гради, вели инвеститорот (ВИДЕО)

Инвеститорот на идната 9.катница кај „Мајчин дом“ вели дека иградбата ќе продолжи.

Фатмир Етеми вели дека и покрај моменталната забрана издадена од општината работите ќе продолжат бидејќи ги имал обезбедено сите потребни документи за реализација на проектот, пренесува Канал 5

Инспекциските служби минатата недела издадоа привремена забрана за продолжување на градбата, а градоначалникот Златко Марин рече дека ќе бара трајна забрана и дека ќе преговара со инвеститорот околу за можно обештетување на трошоците од „околу 5 до 6 милиони евра“ колку што го чинело инвеститорот купувањето на плацот и дополнителните трошоци.

Од Стопанската комора за северо-западна Македонија денеска застанаа во одбрана на правата на инвеститорот Етеми.

SHARE