Жерновски во дипломатско-музичка мисија во Бугарија

Заменикот министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, денеска од Софија порача дека „создава нови мостови“ со Бугарија со негово учество на фестивалот “One love tour “, настан кој бил мисија за приближување на Македонија и Бугарија.

Покровител на настанот, како што јавуива А1.ОН, била градоначелничката на Софија, Јорданка Финдукова, а фестивалот се одржувал со поддршка на македонското Министерство за култура и нa бuгарското МНР.

„Република Македонија повеќе нема отворени прашања со своите соседи“ изјавил Жерновски кој се сретна со шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева и на која и упатил благодарност за нејзиното лобирање за македонските аспирации во ЕУ.

Поранепшниот градоначалник на Скопје, кој на оваа функција е речиси еден месец, уште додаде дека „така треба да изгледаат и да делуваат вистински соседи и пријатели“.

Оставете Коментар