Полицијата и стотици домонстранти облечени во  жолти елеци кои протестираа поради високите даноци и трошоци за живот се судрија денес во Брисел, а десетици беа уапсени.

Полицијата со солзавец и водени топови се обиде да ги расдтера демонстрантите кои се обидуваа да пристапат на владините згради и канцеларии во центарот на Брисел и фрлаа камења од  барикадите кои ги формираа.

Полицијата реагирала откако демонстрантите нападнаа две полициски возила ги превртеа.

Во протестите инспирирани од протестите на „жолтите елеци“ во Париз учествувале повеќе од 300 луѓе, а околу 60 лица беа уапсени поради нарушување на јавниот ред.

Многумина носеле предмети за кои полицијата проценила дека се опасни.

 

SHARE

Оставете Коментар