Жестока битка во Софија, историската комисија пред блокада

Комисијата за историските прашања која што вчера тајно започна да работи во Софија денеска се соочила со блокада откако еден од македонските историчари се противел на радикалните барања на бугарските членови на заедничкото мешовито тело кое треба да ги затвори прашањата за историјата меѓу двете земји.

Комисијата според договорот потпишан лани во август треба да решава прашања поврзани со личности и настани кои што и двете земји ги сметаат за свои. Посебна тема е прашањето за учебниците кои што ќе мора да се корегираат согласно заклучоците на комисијата.

Откако двете страни на почеток ја договарала метадологијата врз основа на која што ќе се решаваат проблемите подоцна дошло до блокада откако еден од македонските членови се спротивставил на барањата на бугарските колеги кои што влегле во теми за кои што Македонија вооошто не сака да преговара.

Во штурите информации кои што ги лиферуваат бугарски извори добро запознати со целиот процес се вели дека атмосферата на состанокот била позитивна и дека двете страни имаат искрена желба да се затворат сите отворени прашања.

Македонската страна во Софија заминала со генерален став дека Бугарија има право да слави и да ги чествува сите историски личности и настани за кои смета дека се дел од нејзината историја.

Проблемот уште од предходно се очекуваше да настане за личности за кои што Бугарија инсистира дека не смеат да бидат прикажувани и како Македонски туку само како Бугарски или како сесловенски. Меѓу нив има револуционери, научници и верски лица.

Вчера expres.mk ексклузивно објави дека без никаква најава од владите во Скопје и Софија започна средбата на комисијата.

Ексклузивно: Комисијата за македонската историја тајно заседава во Софија

SHARE

Comments are closed.