„Живот во Македонија за сите“: Се укинува додатокот за трето дете

Министерство за труд и социјална политика најави укинување на додатокот за трето дете, наместо кој ќе се исплаќа еднократно 5.000 денари за првороденче, 20.000 за второ дете и 60.000 за трето, а за четврто нема да има паричен стимул.

Покрај тоа, родителите во социјален ризик добиваат право на детски и образовен додаток, како и тие што примаат минимална плата.

„Трето дете како политика ја чини државата на годишно ниво повеќе од 2,6 милиони денари, но нема резултати“, изјави министерката Мила Царовска, додавајќи дека стапката на наталитет во 2001 година била 13,3 проценти, а во 2016 година 11,1 отсто.

Околу 26.000 семејства што сега добиваат надоместок ќе продолжат да го добиваат до истекот на 10 години за трето и 15 за четврто дете. Таков додаток ќе земаат и оние што ќе добијат трето или четврто дете 10 месеци по стапувањето на сила на законските измени.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која ја воведе оваа мерка додека беше на власт, остро ја критикуваше намерата на сегашната Влада, констатирајќи дека се најдоа пари за лубриканти, за сметка на помошта на родителите на многудетни семејства.

Со Законот за детска заштита донесен во 2009 година за трето дете се добиваше помош од 8.048 денари месечно во период од 10 години или вкупно 965.760 денари (околу 15.700 евра), наспроти предвидените 60.000 (помалку од 1.000 евра) според предложениот закон.

 

SHARE

1 Коментар

  1. ЖИВОТОТ ВО МАКЕДОНИЈА УШТЕ НЕДОЈДЕН А ВЕЌЕ ЗАМИНА ПОКРАЈ МАКЕДОНИЈА. СЕ ОЧЕКУВА ДА ДОЈДЕ ВО СЕВЕРНА РЕПУБЛИКА /БЕЗ МАКЕДОНИЈА И МКЕДОНЦИ/ И ЌЕ СЕ ОДНЕСУВА САМО НА ТЕНДЕРАШИТЕ И ДОБИТНИЦИТЕ ОД ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ. УКИНУВАЊЕТО НА ОВОЈ НАДОМЕСТОК Е НАЈГОЛЕМА ИНОВАЦИЈА И ДОСТРЕЛ НА ОВАА /НЕ/ВЛАДА.

Оставете Коментар