Во изминатите пет години, земајќи ја предвид и 2018 година кога растот на БДП Србија се очекуваше да достигне 4,2 проценти,  (што е највисок годишен раст во изминатите 10 години), стандардот на српските граѓани расте со најслабо темпо во регионот – со исклучок на Македонија.

Според податоците од Светскиот економски преглед на ММФ од октомври, БДП по глава на жител, мерено според паритетот на куповната моќ во Србија, се зголемил за 19,2насто од 2014 до 2018 година, додека во сите други 11 земји од Југоисточна и средна Европа, растот бил над 20%. Исклучок е само Македонија со раст од 15,2 проценти.

Меѓу 11-те земји во регионот на Југоисточна и Централна Европа, Србија има повисок БДП (16.089 долари по глава на жител)- споредено со Албанија, Босна и Херцеговина и Македонија.

Од друга страна, животниот стандард во Романија е 60 отсто повисок отколку во Србија, во Хрватска е 63 отсто, во Бугарија 44 отсто повисок.

Само за споредба, Полјаците имаат скоро двојно повисок од граѓаните на Србија.