„Жолти“ протести и на улиците во Белгија и Холандија

Протестот на француските „жолти елеци“ се аканаува да се интернационализира откако денеска поддржувачи на „жолтата револуциа“ маршираа и во Белгија и во Холандија.

Протестите се одвиваат паралелно со оние во Франција каде од утрово полицијата уапси околу 700 демонстранти на движењето кое 4 недела по ред протестира против политиките на претседателот Макрон.

АП, објави дека полицијата уапси околу 70 луѓе во пресрет на протестот на „жолтите елеци“ во  Брисел, каде што беше затворен пристапот до зградите на европските институции.

„Уапсивме околу 70 лица по контролата како дел од превентивните мерки пред протестот”, објави полицијата, додавајќи дека неколку десетици луѓе се собраа во градот.

Полицијата постави барикади околу таканаречената европска населба во Брисел, каде се сместени зградите на институцијата на Европската унија. Во овој дел, сообраќајот е забранет, но исто така и пристап до пешаците.

АП тврди дека Јан Деикграф, уредник на холандската “Листа на отпорот“, повика на мирни протести во Амстердам и во Ротердам.

На првиот белгиски „жолт“ протест во Брисел на 30 ноември избија немири, а потоа неколку полициски возила беа запалени. На тој протест имаше околу 300 луѓе.

SHARE

Оставете Коментар