Околу 1.500 демонстранти облечени во жолти елеци, собрани на Плоштадот Л’Етоил, во подножјето на Триумфалната армија во централниот дел на Париз, се судирија со полицијата непосредно пред 09:00 часот, кога се обидоа да ги пробијат полициските пунктови.

Засилени мерки на  безбедност беа ставено во сила за да се спречи повторувањето на настаните од минатиот викенд  кога демонстрациите во Париз излегоа од контрола.

Полицијата соопшти дека до 11,30 часот биле уапсени  46 лица.

 

 

 

Утрово министерот за внатрешни работи, Кристоф Кастанер, изјави за новинарите дека контролните пунктови на полицијата биле поставени за да им се дозволи на „оние кои сакаат да протестираат да протестираат, но и да се спречат оние кои само сакаат да предизвикаат штета“.

Министерот рече дека полицијата бара да ѝ се дозволи „да се претресуваат торбите“ за да се спречи во областа да н се внесеоружје.

Денешните протести го одбележуваат третиот викенд од националната акција на активистите на таканаречените „жолти елеци“ кои бараат претседателот Емануел Макрон да ја повлече одлуката за зголемување на даноците на горивата.

Движењето на национално ниво трае повеќе од две недели со блокади на патиштата низ целата земја.

Инспирирани од настаните во Париз, вчера имаше идентични протести и во Брисел.

SHARE

Оставете Коментар