Зигмар Габриел: Ако не ѝ помогнеме, Турција ќе се сврти кон атомско оружје

Поранешниот министер за надворени работи на Германија, Зигмар Габриел, даде шокирачко предупредување кон Запад во врска со Турција, пишува турскиот весник „Џумхуриет“.

„Западните земји се должни да направат сè за да ја задржат Анкара во својата орбита. Заради нашите сопствени интереси, ние имаме обврска да го направиме тоа. Според мене, САД прават нешто што не бидува да се случува меѓу сојузници. Воведувајќи ѝ санкции, тиа ја туркаат кон пропаст земјата што и онака е во отежната положба од економска гледна точка“, вели тој.

„Што ќе се случи ако Турција се оддалечи од НАТО? Се плашам дека, порано или подоцна, националистичките сили во Турција ќе се свртат кон нуклеарно оружје. За да можат по примерот на Иран и на Северна Кореја да ја претворат Турција во ‘оклопна и отпорна на напад’“, објаснува Габриел.

 

SHARE