Зијадин Села го кани Али Ахмети на ТВ дуел

Loading...

Зијадин Села е подготвен во секој момент на која било телевизија да излезе на јавна дебата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

„Алијансата за Албанците, односно лидерот Зијадин Села е подготвен во секој момент да излезе на телевизиско соочување со Али Ахмети. Лидерот на ДУИ нека одбере кога и каде сака тоа да се реализира. Зијадин Села е подготвен за дуелот со Ахмети“, порачаа од Алијансата за Албанците.

Последната дебата меѓу албанската позиција и опозиција се случи во март 2006 година кога лидерот на ДУИ, Али Ахмети, излезе на телевизиски дуел со лидерот на тогашната опозициска партија ДПА, покојниот Арбр Џафери, пишува весникот „Независен“.