Зимбери веќе не ги убедува Албанците за соживот и мир

Екс командантот на ОНА од липковскиот регион најавува дека се враќа на неговата фамилија и народ и дека веќе нема да ги убедува Албанците за соживот и мир.

Испровоциран од филмот “Ругање на Христа” во кој се раскажува за настани од 2001 година Зимбери кој тогаш загубил 7 члена на своето пошироко семејство и упатува порака на актуелната власт дека е доста со лажење дека ќе се гради заедничка држава.

Целиот статус на Зимбери во оригинал

ПРОВОКАЦИЈА КОЈА НЕМА ДА ПОМИНЕ БЕЗ ПОСЛЕДИЦИ

Денеска кога од сите страни работиме на градење соживот, градење мир, градење на држава во која е на пат кон ЕУ-НАТО, во време кога и меѓунaродната заедница со целиот свој капaцитет работи на помагање и посредување за побрзо наоѓање на решение. Македонија снима Филм кој провоцира, филм кој не се совпаѓа во ништо со реалноста, тероризирање на цивилното население, убиства на цивилно население и силувaњe жени не е било. Се поставува прашањето:

1. Која е целта на снимање таков филм во оваа време кога се работи на помирувње,

2. Зошто се измислени убиства, силyвањa, убиства на попот дела што никогаш не се случиле, која е целта.

3. Како дозволил министерството за култура со парите и на Албaнците да сними таков филм.

4. Кaде ги собирале информациите за да сценаристот пишува такво сценарио,

Има многу прашања но нема кој да одговори.

Владата на Р.М. Свесни ли се дека напрaвиле голем злочин со овај филм во кој се провоцираат Албанците и се прикажуваат како терористи.

Како ќе реагиравте вие кога ние Албанците би снимале таков филм во кој ќе ја прикажеме реалноста како вие ги убивте децата, жените и старите изнемоштени лица.

Вие имaте измислен филм измислени аргументи, а јас ги имам оригинал снимките од 2001година, со масакрирaните деца и жени и други цивилни невини граѓани Албанци.

Како ќе реагирате тогаш? Сигурно ќе бидеме казнети со доживотна робија како што сте го направиле тоа до сега, сте казниле голем број невини луѓе.

Пред кого сакате Албанците да ги прикажете како терористи, пред меѓународната заедница? Тие знаат многу подобро и од нас и од вас за се што се случило во 2001 год.

Ова е срамен чин и е неопростлив затоа што 17 години работиме на помирување и градење соживот вие го рушивте за еден час. Не барајте кривци во другата заедница, кривците се меѓу вас.

Очекувам од почитуваните,чесните и паметните мои пријтели македонци да реагират и да излезат на страната на иднината, соживотот, мирот и просперитетот.

Доколку и оваа влада покажува неспособност, не реагира и не преземе нешто конкретно за казнување на сите оние кои се дел на оваа зло.

Доколу не преземете ништо тогаш и вас ќе ве ставиме во групата на оние кои се непријатели на Албанците.

Не сте свесни колку голема штета ви направиле тие од филмската продукција, во времето кога македонија е во раскрсница.

Во време кога треба да се градат мостови на соживот, вие со овој филм градите ѕидови на поделби.

Вака правите секоја година со по некој идиотски гест на кој правите раздор на градење на еднаквоста на сите граѓани. Во кампањата пропагиравте со парола ,,Живот за сите”, излезе дека не е така.

Досега работев на убедување на Албанците за сожiвот и мир, од сега се повлекувам од се затоа што неможам да оправдувам вакви глупости, ме ставате во незгодна ситуација.

Нека прaви кој што сака повеќе не мe интересира. Се враќам на мојата фамилија на мојот живот и на мојот народ. Доста беше лажење дека ќе градиме заедничка држава.

02.09.2018. Абедин Зимбери

Пред еден месец Зимбери упати закана кон јавноста според која ако референдумот не помине тогаш Албанците сами ќе одат во ЕУ и НАТО.

Нова закана со војна, доаѓа од Липково

SHARE

Comments are closed.