„Златна зора“ повика на пуч поради предавството со договорот за името

Пратеникот на националистичката „Златна Зора“ Константинос Барбаруцис, денеска од парлемантарната говорница го повика военото раководство на земјата да го уапси претседателот на Републиката, Прокопис Павлопулос, премиерот Алексис Ципрас и министерот за одбраната, Панос Каменос со цел да се спречи предавство.

Повикот се случи на вториот ден од заседавањето на грчкиот парлемант каде се води расправа иницирана од опозициската Неа демократија која повика да се гласа за недоверба за владата на Ципрас поради договорот со Скопје кој за оваа партија е „штетен“.

„Нивните глави во Преспа“, извика во еден момент пратеникот што предизвика експресна реакција од  парламентарниот спикер Никос Вуцис, кој оцени дека се работи за провокација и обид за ескалација во земјата во наредните денови.

Вуцис, согласно своите ингеренции, времено го забрани делувањето на екстремистичката десничарска партија „Златна зора“, поради говорот во кој се повикува на пуч.

SHARE

Comments are closed.