Знае ли Царовска какви одлуки носи владата за мигрантите?

Знае ли министерката каква одлука донесла владата на крајот на мај во врска со изградбата на кампот за бегалци во Визбегово?

Според документот што го поседува expres.mk а кој е различен од тој што го објавуваат дел од опозициските медиуми во Визбегово ќе се гради центар за прифат на странци.

Во документот потпишан од висок претсавник на владина институција никаде не се споменуваат бездомниците за кои денеска зборува Царовска:

„Ги повикувам граѓаните да не наседнуваат на лажните документи кои се споделуваат по социјалните мрежи. Вистината е следната: Во прифатниот центар во Визбегово ќе се гради населба за бездомните лица кои до неодамна живееја под Кале, а не камп за мигранти. Оваа одлука е усвоена уште пред една година со која Владата трајно ќе им се обезбеди дом на повеќе 80 лица кои живееја на улица”, соопшти денеска министерката.

Документот е издаден од институција која не е под ингеренции на Царовска што ја отвара дилемата дали таа воопшто знае каков документ за мигрантите усвоила владата на крајот на мај.