Знаел ли Заев за празнењето на сметките на Груевски?

Адвокатот Александар Тортевски бара одговор кој е државниот функционер кој што бил информиран за празнењето на банкарските сметки на експремиерот Никола Груевски и не реагирал соодветно а имал законска обврска за тоа.

“Многу ме интересира дали ќе се објави кој од надлежните бил известен дека Груевски ги подигнал последните 120.000 € и не превзел ништо. А МОРАЛ ДА ПРЕВЗЕМЕ”, пишува Тортевски кој посочува дека за празнењето на банкарските сметки на Груевски најверојатно морал да знае премиерот Заев.

Засега никој не презеде одговорност за скандалот со празните сметки и бегството на Груевски а завчера пратеничката Фросина Ременска изјави дека одговорните институции направиле пропуст при бегството на Груевски.

SHARE

Оставете Коментар