Зоран Ногачевски е градоначалникот на СДСМ што вчера предизвикал тежок инцидент

Градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачевски е функционерот на СДСМ што вчера предизвикал тежок инцидент на натпревар од меѓуопштинска фудбалска лига.

Ногачевски заедно со уште едно лице кое било одговорно за безбедноста на натпреварот физички го нападнале главниот судија.

Инцидентот се случил вчера на фудбалското игралиште во село Волино, општина Дебарца, за време на фудбалскиот натпревар помеѓу два фудбалските клубови од најниската македонска фудбалска лига.

Градоначалникот не бил уапсен за физичкиот напад а денеска и покрај десетици сведоци МВР не објави дека против него е поднесена соодветна пријава.

Скандалот со градоначалникот го открија членови на СДСМ кои бараат неселективна правда за сите граѓани.

Уште еден градоначалник на СДСМ инволвиран во криминал, МВР без кривична пријава

SHARE

Оставете Коментар