Зошто името на една држава е важно за соседите

„Македонија во краткото постоење, успеа да се скара со сите свои соседи и да пројави претензии кон сите соседи. Всушност Македонија како држава се создаде со скандали, таа опстои врз основа на скандали и со крадење само на име или на историја, или на други факти“изјави во гостување на Bulgaria ON AIR поранешниот заменик-министерот за надворешни работи на Бугарија Милен Керемедчиев.

Претстојниот референдум во Македонија многу потсетува на референдумот за „Брегзит“ зашто е иницијар од премиер и има опасност да пропадне и да му се удри в лице, оцени Керемедчиев.

На три дена пред референдумот, за евроатлантската иднина на Македонија и за договорот за новото име, разменија мислења новинарката Нина Спасова и Милен Керемедчиев.

Керемедчиев смета дека има опасност да нема доволна излезност на гласањето и да не помине  референдумот.

Нина Спасова,пак, смета дека прашањето е добро зададено, а албанското население може да има клучна улога за референдумот, бидејќи 95 од нив ја одобруваат европската интеграција на Македонија.

„Ориентацијата на Македонија е страшно важна и за Бугарија, ние не случајно покажавме таква активност во време на европретставувањето“, додаде уште Спасова.

Таа ги коментираше и антибугарските тонови(…) Според неа, „ќе мине многу време и поколенија, за да се искорени тој однос кон нас“.

Милен Керемедчиев додаде дека треба да има постојан притисок врз македонските политичари, „така што тие нема да си играат со тоа“.

 

SHARE