Зошто молчи Фрчковски?

Зошто во јавноста го нема најгласниот интелектуалец поддржувач на владата на Зоран Заев?

Повеќе од 20 дена откако започна неформалната кампања за референдумот Љубомир Данаилов Фрчковски не учествува во јавни дебати на телевизиите ниту дава изјави за порталите и весниците.

Фрчковски на крајот на минатата година даде оставка од Советот за реформи во судството откако обвини дека луѓе од политиката сакале да влијаат на процесите на реформи во овој сектор.

Беше жесток поддржувач на договорот со Грција но сега човекот што многу често се појавува со свои ставови за важните прашања повеќе од 20 дена го нема во јавноста да го каже својот став.

Одсуството на Фрчкоски се поклопува со објавувањето на неговите стари изјави за името во кои тој своевремено бил целосно против огромен дел од содржината на договорот што сега го потпишаа Македонија и Грција.

На 25 мај 2004 година, во „Дневник“ во колумната ,,За минатото“, сметаше – „нам ни е неопходно, како на жеден вода, решавање на прашањето со нашето име на единствен и недвосмислен начин – со негово целосно признавање во меѓународната заедница“.

Тогаш, Фрчкоски тврдеше дека – „нашето паметење, сета наша историја, антропологијата на идентитетот се поврзани со ИМЕТО. Не смеат да ни ги земат паметењето и самоидентификацијата“.

За последен пат тој во јавноста беше присутен на 21 август годинава кога зборуваше за идентитетот и заедничката култура како критични прашања во спорот со Грција во изјавата за „Equal Times“ во написот насловен „Што ќе значи промена на името за (северно) македонскиот идентитет? “

Тогаш Фрчкоски рече дека Македонија е мала нација која дели многу елементи со бугарската и албанската култура. Државата е релативно млада, со оглед на тоа дека по Втората светска војна Титова Југославија ја создаде Македонија во рамките на границите како што ги знаеме денес, промовирајќи го македонскиот јазик и македонскиот идентитет.

„Можеме да живееме со префиксот „Северна“ во името на земјата. Никогаш не се работеше само за името. Името е исто така поврзано со концептот на нашиот идентитет, за тоа кои сме.Тоа е нешто како прашање на ‘опстанок’ кога сте мала словенска нација од само два милиона луѓе што лесно може да се ‘асимилираат’ од вашите поголеми соседи“, објасни тогаш професор Фрчкоски за „Equal Times“.

SHARE

Comments are closed.